четврток, 7 јули 2022
ПочетнаСПОРТБИЗГолден стејт ја освоија титулата, Кари е МВП

Голден стејт ја освоија титулата, Кари е МВП

Кошаркарите на Голден стејт Ворирорс направија уште еден брејк, славеа со 103:90 во Бостон и ја своија шампионската титула во НБА лигата. Вориорс ја освоија седмата титула во својата историја (1947, 1956, 1975, 2015, 2017, 2018, 2022 година).

МВП на финалето, првпат во кариерата, иако ова му е четврти прстен е Стеф Кари, кој мечот го заврши со 34 поени (12/21) и седум скока и седум асистенции.

Бостон подобро го отвори натпреварот и многу брзо дојде до двоцифрена предност (+12), а ретко кој во „ТД Гарден“ во тие моменти очекуваше дека толку брзо ќе има пресврт.

Вориорс експресно фатија приклучок, а на крајот од првиот период имаа предност (22:27).
Бостон целосно се распадна во втората четвртина.

Не можеа да погодат ништо и покрај тоа што стрелците не беа расположени и на другата страна, дозволија премногу скокови во нападот, па тоа се одрази на резултатот.

Во еден момент беше и +21 за гостите, но на полувреме се замина со 15 разлика (39:54).
Бостон во третата четвртина успеаја да ја намалат разликата на 10 поени, но немаа сила за пресврт. На крајот Ворирос заслужено славеа.

Покрај споменатиот Кари најдобар кај шампионите беше Дрејмонд Грин со 12 поени, 12 скока, осум асистенции и две украдени топки и блокади.

Вигинс постигна 18 поени, со шест скока, пет успешни додавања, четири украдени топки и три блокади.

Џордан Пул имаше 15, а Клеј Томпсон само 12 поени со 5/20 од игра.

На другата страна најефикасен беше Џејлен Браун со 34 поени (12/23), седум скока, три асистенции и една украдена.

Ал Хорфорд додаде 19 поени со 14 скока, две украдени топки и една блокада, а целосно потфрли Џејсон Тејтум со 13 поени (6/18), седум скока, три украдени топки и една блокада.

Двоцифрен беше и Роберт Вилијамс со десет поени, со седум скока и пет блокади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП