ПочетнаКУЛТУРАЏастин Бибер ги откажа настапите поради парализа на лицето

Џастин Бибер ги откажа настапите поради парализа на лицето

Американскиот пејач Џастин Бибер откри дека боледува од парализа на лицето, откако ги откажа настапите претходно оваа недела, јавуваат светските медиуми.

Бибер (28) во видео на Инстаграм изјавил дека парализата е последица на Ремзи Хантовиот синдром.

“Како што можете да видите, ова око не трепка. Не можам да се смеам од таа страна на лицето. Така, оваа страна на лицето е целосно парализирана”, објаснил Бибер, а пренесува Би-би-си.

Рамзи Хантовиот синдром е невролошка болест која, меѓу другото, доведува до појава на везикули на кожата околу ушниот канал, парализа на лицето и болка во увото, се појаснува во написите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП