23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо бесен поради продажбата на Озил

Роналдо бесен поради продажбата на Озил

Ozil-Ronaldo

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо остана изненаден, но во истовреме и бесен од трансферот на Месут Озил во Арсенал.

Германскиот репрезентативец премина на „Емирати“ во последниот ден од летниот преоден рок за рекордна сума за „топџиите“ од 42,5 милиони фунти, а „CR7“ дознал за трансферот во Обидуш каде е на камп со португалскиот национален тим кој се подготвува за мундијалските квалификации.

Според репортерот на весникот „АС“, Кристијано пред своите соиграчи го споделил следново: „Заминувањето на Озил е лоша вест. Тој беше играч, кој најдобро ме разбираше на теренот. Најдобро го разбираше моето движење пред противничкиот гол и секогаш знаеше каде се наоѓам. Изненаден сум од оваа одлука, а и лут за потегот на клубот“.

Реакцијата на Роналдо не е изненадувачка со оглед дека германскиот репрезентативец е еден од неговите најдобри партнери на теренот.

Озил е фудбалерот кој му има асистирано најмногу пати на Португалецот, дури 27 пати. Втор по овој индикатор е Карим Бензема, кој има направено 17 асистенции за головите на „CR7“, а трет е Рајан Гигс со 16 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП