ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден прогласи вонредна состојба поради опасност од недостаток на струја

Бајден прогласи вонредна состојба поради опасност од недостаток на струја

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради опасност од недостиг на капацитети за производство на електрична енергија и го продолжи ослободувањето од давачки за увоз на соларни панели од Азија, соопшти Белата куќа.

„Електричната енергија е основен дел од модерниот живот кој ги снабдува домовите, компаниите и индустријата. Таа е од клучно значење за функционирањето на главните сектори на економијата, вклучувајќи ги болниците, училиштата, јавниот транспорт и одбраната. Дури и изолираните прекини на електрична енергија можат да имаат катастрофални здравствени и економски последици“, рече Бајден.

Тој рече дека сега е потребен силен и доверлив енергетски систем и дека тоа не е само основна човечка потреба, туку е од клучно значење за националната безбедност и прашањето за одбраната.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП