25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал ја освои 14-та титула на Ролан Гарос

Надал ја освои 14-та титула на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ја освои 14-та титула на Ролан Гарос, откако во финалето во Париз го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:3, 6:0.

Надал со триумф во Париз стигна до 22. Грен слем трофеј, а Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 20. Ова за Шпанецот беше 14. титула во Париз во исто толку одиграни финалиња. Надал годинава го освои и Австралија опен.

Мечот траеше два часа и 20 минути, а шпанскиот тенисер на противникот во финалето му остави само шест гема.

Надал поведе со 2-0 во првиот сет, но неговиот противник Паскал Руд возврати со рибрејк и намали на 2-1. Следуваше нова серија на шпанскиот тенисер кој поведе со 4:1.

Руд потоа го доби гемот на свој сервис, а потоа Надал беше сигурен за 5:2. Норвежанецот намали на 5:3, но Надал стигна до првиот сет 6:3, со овации од трибините.

Норвешкиот тенисер мораше да спасува три брејк топки во првиот гем од вториот сет, но некако успеа да поведе со 1:0.

Шпанецот израмни на 1:1, а потоа Руд поведе со 2:1, а сервисот на Надал стигна до 3:1. Надал возврати со рибрејк, а потоа освои уште три гејма во низа и поведе со 5:3.

Норвежанецот сервираше за останување во вториот сет, но шпанскиот тенисер продолжи со добра игра и со резултат 6:3 дојде до водство од 2:0.

Надал лесно поведе со 3-0 во третиот сет, а потоа мирно го водеше мечот до крај, бидејќи норвешкиот тенисер практично не пружи никаков отпор во овој дел од мечот.

Ролан Гарос се играше за награден фонд од 43,6 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП