20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗверев се повреди во епската битка со Надал, Шпанецот во ново финале...

Зверев се повреди во епската битка со Надал, Шпанецот во ново финале на Ролан Гарос!

Александер Зверев мораше да се предаде во тај-брејкот од вториот сет во полуфиналето на Ролан Гарос поради повреда, препуштајќи му на Рафаел Надал ново финале на францускиот гренд слем, откако претходно двајцата ја воодушевија публиката со фантастична игра во двата сета.

Германецот, кој имаше одличен настап на Ролан Гарос при тај-брејкот во првиот сет, незгодно стапна на својот скочен зглоб и низ солзи и на патерици го напушти теренот. Тој доби аплаузи од публиката за тоа што дотогаш беше уште еден класичен меч на овогодишниот гренд слем.

Во првиот сет, кој траеше неверојатни час и 33 минути, Надал спаси четири сет-топки и се врати од 6:2 во тај-брејкот за да го добие со 10:8. И во вториот сет продолжи лутата битка, и до тај-брејкот се играше час и 34 минути пред несреќната повреда на Зверев.

Надал за својата 14. титула од Ролан Гарос ќе игра со подобриот од мечот помеѓу хрватскиот ветеран Марин Чилиќ и Норвежанецот, Каспер Руд, иронично еден од тренинг-партнерите на Надал и поранешен член на неговата тениска академија на Мајорка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП