23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралот на земја“ оствари полноќна одмазда против Ѓоковиќ!

„Кралот на земја“ оствари полноќна одмазда против Ѓоковиќ!

Рафаел Надал го продолжува походот по 14. титула од Ролан Гарос, откако во епската битка со својот стар познаник Новак Ѓоковиќ по 1 часот по полноќ во Париз стигна до 6:2/4:6/6:2/7:6(4) победа и се пласираше во полуфиналето на францускиот гренд слем.

Во меч за кој ќе се зборува надолго, двајцата тенисери покажаа дека уште се најдобрите на светот без разлика на годините, покажувајќи фантастичен тенис, борбеност и подготвеност да се оди до крај.

Надал почна фуриозно, освојувајќи го првиот сет со 6:2 и стигнувајќи до 3:0 водство во вториот, очигледно „жеден“ за одмазда по минагодишниот пораз од Србинот во полуфиналето на турнирот. Меѓутоа, Ѓоковиќ успеа да направи неверојатен камбек со два брејка (од кои едниот во гем кој траеше подолго од 18 минути) за да израмни на 1:1.

Шпанецот го отвори третиот сет слично како првиот, со брејк и лесно стигна до 6:2 и до предност, по што повторно следуваше епска битка во четвртиот сет, во кој Ѓоковиќ прв направи брејк, но Надал се врати, за во тај-брејкот да дојде до 5:1 предност, која не ја испушти до крајот.

Во полуфиналето Надал ќе се бори со Александер Зверев, кој вчера попладне ја сопре серијата на младиот сонародник на Надал, Карлос Алкараз со импресивна победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП