25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБерлускони: Сакам со Монца да ја освојам Италија и ЛШ

Берлускони: Сакам со Монца да ја освојам Италија и ЛШ

Поранешниот претседател од најуспешната ера на Милан, Силвио Берлускони најави големи амбиции со Монца, во Серија А.

Монца се пласираше во елитата по драматичниот реванш од финалето на плејофот во Серија Б против Пиза, Силвио Берлускони не сака неговиот клуб да игра епизодна улога.

„Со оглед на тоа што сега сме во Серија А, мора да го освоиме Скудетото, да се пласираме во Лигата на шампионите и потоа да го освоиме и тоа натпреварување. Навикнат сум да победувам“, оптимистички изјави Берлускони, по големиот успех.

Монца е основана во далечната 1912 година и по 104 години постоење банкротираше. Клубот целосно се „ресетира“ и тргна од аматерски ранг. Бумот започна во 2018 година, кога клубот го купи поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, а по само четири сезони следуваше промоција во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП