Австралиецот Даниел Рикардо ќе му биде партнер на светскиот шампион Себастијан Фетел во тимот на Ред Бул од следната сезона. Ова го потврди директорот на австрискиот тим од Формула 1, Кристијан Хорнер.
Рикардо ќе го замени својот сонародник Марк Вебер, кој на крајот на сезоната ќе се повлече од најпрестижното автомобилско натпреварување.
„Даниел навистина го заслужува ова, тој е млад и талентиран, кој е исклучително посветен на работата. Тоа е логичен избор за нас. Тоа што му даде предност на Даниел пред другите кандидати, е неговиот огромен потенцијал. Тој се истакна во сите категории во кои се натпреваруваше. Тој е вистинскиот човек за нас”, објасни Хорнер.
„Подготвен сум за тој предизвик и нема само да учествувам, туку ќе се борам за високи пласмани. За мене е неверојатна можност да имам колега како Себастијан Фетел и да можам да ги измерам силите со него”, коментира Рикардо.