19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо побарал во Рома да му го донесат Роналдо

Мурињо побарал во Рома да му го донесат Роналдо

Кристијано Роналдо, спротивно на сите најави од „Олд Трафорд“, во летниот преоден рок би можел да го напушти Манчестер јунајтд.

Италијанските медиуми пишуваат дека Рома има сериозни намери да го донесе славниот Португалец на „Олимпико“.

Оваа информација ја пренесува највлијателниот римски весник „Ил Месаџеро“, а италијанските новинари специјализирани за трансфери сметаат дека е добар извор.

Секако, работата се уште е далеку од реализација, но … Се уште не се знае какви се плановите на Роналдо со новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, и покрај тоа шти новиот тренер на Јунајтед, неколку пати изјави дека Португалецот ќе остане во клубот.

Наводно, од Рома го контактирале Кристијано Роналдо за да му го претстават планот за неговото пристигнување во Рим. Тоа е желбата на Жозе Мурињо, кој на Рома и го донесе првиот европски трофеј во клупската историја, а сега сака посилен тим за следната сезона. Во договор со Дан Фридкин, сопственикот на римскиот тим, пронајдени се некои потенцијални засилувања.

Покрај Роналдо, Мурињо во својот тим сака да го има и Паоло Дибала.

Мурињо и неговиот легендарен сонародник работеа заедно во Реал Мадрид, а сега би имале малку поинаква задача при заедничката работа.

За разлика од шпанскиот великан, каде трофеите се императив, примарна цел на Рома е враќање на врвот на италијанскиот фудбал.

Иако актуелната сезона може да се опише како успешна поради трофејот во Конференциската лига, „волчицата“ ја заврши Серија А на шестото место, со 23 бода помалку од шампионот Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП