29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо се расплака: "Почнав во 2003 година и се уште сум тука....

Мурињо се расплака: “Почнав во 2003 година и се уште сум тука. Јас победувам”

Со победата на Рома во финалето на Конференциската лига против Феенорд (1:0), Жозе Мурињо стигна до петтиот трофеј во своето петто европско финале. Пред Рома, Португалецот освојуваше европски трофеи со Порто, Интер и Манчестер Јунајтед.

Мурињо стана само вториот стручњак во историјата со пет европски титули. Пред него е само Италијанецот Џовани Трапатони, кој успеа да го освои Купот на шампионите со Јувентус (1985), два Купа на УЕФА (1977, 1993) и Купот на победниците на куповите (1984), а со Интер има трофеј во Купот на УЕФА (1991).

Откако судијата означи крај на натпреварот, Мурињо се расплака.

„Испишавме историја. Ќе ја одбијам секоја понуда. Оставете ги гласините, останувам тренер на Рома. Овие 11 месеци во Рома беа прекрасни. Им кажав на момците дека во Серија А го направивме тоа што требаше да го направиме, да се квалификуваме за Лига Европа. Ја испишавме историјата на Рома“, изјави Мурињо по финалната пресметка во Тирана и дополни.

„Ми кажаа дека сум како Фергусон и Трапатони затоа што освоив трофеи во три различни децении. Јас сум Интертиста, јас сум човек на Челзи, го сакам Реал, но исто така сум и романист. Почнав во 2003 година и се уште сум тука. Јас победувам…“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП