19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри меѓународни тениски ИТФ турнири следниве 30 дена во Скопје!

Три меѓународни тениски ИТФ турнири следниве 30 дена во Скопје!

Скопје ќе биде меѓународен тениски центар

Во Скопје месеците  јуни и јули ќе бидат во знакот на професионалниот тенис. Над 100-на професионални тенисери од целиот свет, ќе учествуваат на три интернационални ИТФ тениски натпревари кои ќе се одржат во нашиот главен град, а во организација на Тениската Федерација на Република Северна Македонија.

Ова лето во Скопје се ќе биде во духот на тенисот!

Нашата федерација ќе биде организатор на професионален турнир за мажи со награден фонд од 25.000 УСД во период од 6-12.06.2022 ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M25 – Skopje и  професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 УСД во период од 13-19.06.2022., ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M15 – Skopje.

Исто така во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за Жени (Billie Jean King Cup), за регион Европа и Африка, група 3.

Натпреварите ќе се одржуваат во Тениски Клуб “Југ“, Скопје, ќе се пренесуваат онлајн, додека полуфиналните и финалните натпревари ќе се емитуваат на МРТВ 3.

Тенисот е во подем во нашата земја. Се поголем е бројот на деца кои тренираат и кои професионално се натпреваруваат во младинските категории, а дел од нив веќе имаат и интернационални успеси. Токму овие турнири во организација на Тениската Федерација на Република Северна Македонија имаат за цел популаризација на тенисот и што помасовно негово практикување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП