ПочетнаКАРИЕРАГрешки при изборот на локација за вашиот бизнис

Грешки при изборот на локација за вашиот бизнис

Businessman drawing a city of the future

Една од најголемите пречки со кои можете да се соочите на почетокот на започнување на бизнис е наоѓањето на добра локација. Добрата локација потикнува добра и ефикасна продажба. Квалитетниот производ во комбинација со добра локација, преставува камен темелник за успех. Погрешниот избор влијае за намалување на економичноста и профитабилноста во работењето.

Избирате локација која е блиску до вашиот дом, а таа не носи доволен профит.

Таква локација треба да се отфрли. Но, доколку локацијата е профитабилна, не е погрешно да биде лоцирана блиску до домот на претприемачот. Со тоа ќе се заштеди време за патување, a нема да има ни патни трошоци. Би можело брзо да се реагира доколку има некоја потреба нешто дома да заврши и обратно.

Избирате локација бидејќи е најефтина

Ефтината локација подразбира дека има свои предности во поглед на трошоците, меѓутоа ако таа локација подоцна не носи профит, тогаш не би требало да биде некој пресуден фактор.

Избирате локација бидејќи во тој момент е единствена на располагање

Треба да се почека , а не да се брза. Локацијата на продавниците и услугите е од судбинско значење за успешноста на бизнисот, па брзањето не е препoрачливо.

Локацијата значи – трошоци. Од друга страна, направените трошоци се претпоставка за остварување на идни ефекти. Па, затоа изборот на добра локација е од витално значење за бизнисот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП