ПочетнаЕКОНОМИЈАОд ноќеска на полноќ цената на дизелот се намалува, цените на бензините...

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се намалува, цените на бензините остануваат непроменети

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 % во однос на одлуката од 9.5.2022 година.

Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат 2,50 ден./л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 12.5.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 92,50 (денара/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 87,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 53,848 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,77 %, кај дизелот има намалување од 3,343%, кај екстра-лесното масло намалувањето е 3,442 % и кај мазутот има намалување од 2,142 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,004 %.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП