25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсториски успех на Жозе Мурињо

Историски успех на Жозе Мурињо

Жозе Мурињо со победата на Рома против Лестер (1:0) во реваншот од полуфиналето на Конференциската лига влезе во фудбалската историја. Португалецот постави постави два недостижни рекорда.

Мурињо стана првиот тренер кој стигнал до финалето на Лигата на шампионите, УЕФА / Лига Европа и Конференциската лига. Последниот во натпреварувањето е ново и Мурињо во првата сезона успеа да дојде до мечот за трофејот.

Освен тоа, Мурињо стана првиот тренер кој со четири клуба стигнал до финалето на европските купови.

Порто го водеше до финалето најпрвин на Купот на УЕФА, а потоа и до финалето на Лигата на шампионите. Со Интер играше и го освои финалето на Лигата на шампионите, а со Манчестер јунајтед ја освои Лига Европа.

Сега го чека петтото финале, со Рома во Конференциската лига. Мурињо ги освои сите четири претходни финалиња.

Петтото ќе го игра на 25.мај против Феенорд во Тирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП