24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси не можел да поверува во пресвртот на Реал: „Ова не може...

Меси не можел да поверува во пресвртот на Реал: „Ова не може да биде вистина“

Аргентинецот Лионел Меси, кој долги години го носеше дресот на лутиот ривал Барселона, не можел да поверува во пресвртот (3:1) што Реал Мадрид го направи синоќа против Манчестер Сити.

Неговиот пријател и поранешен колега од репрезентацијата Серхио Агуеро го коментираше натпреварот на Реал во живо на „ESPN“. Сред пренос тој доби порака од Лионел Меси која гласеше:

„Престанете да се шегувате, ова не може да биде вистина“. Агуеро ја прочита таа порака во етерот и стана вирален хит.

Реал Мадрид обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите со победата од 3:1 против Манчестер Сити по продолженијата. Махрез донесе водство за Манчестер Сити во 73. минута, но Родриго со два гола за две минути донесе продолженија.

Во првото продолжение, Карим Бензема постигна гол од пенал за 3:1 и обезбеди финале против Ливерпул на „Стад де Франс“ на 28 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП