24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ Енди Мареј не го поддржува исфрлањето на Русите и Белорусите од...

И Енди Мареј не го поддржува исфрлањето на Русите и Белорусите од Вимблдон

Поранешниот светски број 1, Шкотланѓанецот, Енди Мареј потврди дека не ја поддржува одлуката на Вимблдон да не дозволи настап на руските и белоруските тенисери, иако додаде дека „нема вистински одговор“ во оваа тешка ситуација.

Трикратниот гренд слем шампион, зборувајќи на Мадрид опен, вели дека пораките од британската влада не помогнале и дека со овој потег, семејствата на тенисерите се под „ризик“.

„Не можам да поддржувам суспензии за тенисери. Навистина ми е жал за тенисерите кои нема да добијат дозвола да играат и сфаќам дека тоа е нефер. Но, исто така ги познавам луѓето од Вимблдон и знам во колку тешка позиција беа ставени. Од тоа што го сфатив, пораката беше дека руските и белоруските тенисери можат да играат ако потпишат декларација дека се против војната и рускиот режим. Не сум сигурен што би се случило со нивните семејства како резултат на такво нешто. Немам вистински одговор. Зборував со некои од руските и од украинските тенисери“, вели Мареј.

Во неделата и Рафаел Надал застана против суспензијата.

„Тоа се мои руски тениски пријатели, мои колеги. Не е нивна вина тоа што се случува во моментов со војната“, изјави Надал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП