25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија во вториот шешир на мундијалската ждрепка

Македонија во вториот шешир на мундијалската ждрепка

Ракометната репрезентација на Македонија на 2.јули ќе ги дознае имињата на ривалите, против кои ќе игра на Светското првенство во Полска и Шведска.

Ждрепката, Македонија, ќе ја чека од вториот шешир, заедно со Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска. Против овие репрезентации македонските ракометари нема да можат да играат во првата фаза.

На мундијалот 32 репрезентации ќе бидат распределини во осум групи, од по четири репрезентации.

Шешир 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

Шешир 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

Шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП