29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМиркуловски: Чест ми е што 20 години го носев дресот на Македонија

Миркуловски: Чест ми е што 20 години го носев дресот на Македонија

Големиот борец Филип Миркуловски на најдобар начин кажа „збогум“ во дресот со националниот грб. Македонија успеа да обезбеди пласман на ново Светско првенство, шесто во континуитет, а тој е среќен што ја остава репрезентација во сигурни раце. Вели дека имаме квалитет за високи дострели, а тој се простува со полно срце. Се разбира, чест му е што речиси две децении го носеше дресот на Македонија.

„Првичната цел е остварена, се пласиравме на Светско првенство што беше најважно. Ова беше последен натпревар за мене, со многу емоции. Чест ми е што дваесет години играв за Македонија. Секогаш го давав максимум и среќен сум што ја оставам репрезентацијата во сигурни раце. Има тука многу квалитет. Кога јас започнав со репрезентативната кариера беше многу потешко, тогаш игравме претквалификации, квалификации. Сега новите генерации ќе можат да стекнуваат искуство веднаш на светските првенства. Мислам дека на мојата позиција има одлични млади ракометари, како Митев и Атанасијевиќ. Дај Боже да ме престигнат и мене, бидејќи тоа ќе биде добро за репрезентацијата, за Македонија“, изјави Миркуловски.

Ракометната репрезентација на Македонија со победата над Чешка се пласираше на Светското првенство, осми пат во историјата, а тоа 13. голем ракометен собир на кој ќе учествува нашиот национален тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП