19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо го спаси Јунајтед против Норич, нов кикс на Арсенал

Роналдо го спаси Јунајтед против Норич, нов кикс на Арсенал

Арсенал не успеа да го искористи киксот на Тотенхем и да се врати на четвртото место на табелата во Премиер лигата. „Топџиите“ дозволија да ги скокне и Манчестер јунајтед, по тешката победа над Норич.

Арсенал се во криза, тоа го потврдија со поразот во Саутемптон (1:0). Овој пораз е четврти на последните пет натпревари, за тимот на Микел Артета. Саутемптон го победија Арсенал со голот на Бендарек во 45.минута.

Манчестер јунајтед не блескаа, испуштија предност од два гола против Норич, на крајот победија благодарение на хет-трикот на Кристијано Роналдо.

Португалецот постигна два гола во седмата и 32.минута, Норич намалија во 45.минута преку Довел, а Пуки израмни во 52.минута. Роналдо спречи нов резил на Јунајтед со голот во 76.минута.

За Португалецот ова беше втор хет-трик на последните пет натпревари, претходно три гола постигна против Тотенхем.

Манчестер јунајтед и Арсенал имаат по 54 бода, три помалку од Тотенхем.

Драматичен натпревар одиграа Вотофорд и Брентфорд. Победи екипата од Лондон со 2:1, со голот на Џонсон во 96.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП