25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем ја надмина „стотката“, пристигна Ериксен

Тотенхем ја надмина „стотката“, пристигна Ериксен

eriksen1

Фудбалскиот клуб Тотенхем го доведе новото, седмо засилување и ја надмина границата од 100 милиони фунти, а на „Вајт Харт Лејн“ пристигна суперталентираниот Данец, Кристијан Ериксен.

Ериксен во Тотенхем стигна од редовите на Ајакс за сума од 11.5 милиони фунти или околу 13.5 милиони евра.

Само во петокот покрај Ериксен потпишаа и Ерик Ламела од Рома и Влад Кирикеш од Стеауа.

„Ние сме среќни што можеме да соопштиме дека е постигнат договор со Ајакс за трансферот на Ериксен“, се вели на официјалната интернет страна на Тотенхем.

Ериксен забележа 161 настап за екипата на Ајакс, а тимот од Амстердам го предводеше до три поред титули во Холандија.

Дресот на репрезентацијата на Данска Ериксен го носеше 37 пати, а притоа постигна и четири гола.

„Сите го следат развојот на „Спарс“ и тоа е нешто во што сакам и јас да учествувам“, вели Ериксен.

totenhem

Екипата од Лондон во овој преоден рок потроши 108 милиони фунти или 126.5 милиони евра, а покрај наведените тројца на „Вајт Харт Лејн“ пристигнаа уште и Паулињо, Роберто Солдадо, Насер Чадли и Етијен Капуе.

Доаѓањето на толку голем број на играчи во редовите на Тотенхем покажува дека трансферот на Герет Бејл во Реал Мадрид е блиску од реализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП