19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити остана непоразен во меч на граница на инцидент со Атлетико, Ливерпул...

Сити остана непоразен во меч на граница на инцидент со Атлетико, Ливерпул со гол-шоу на „Енфилд“

Двата англиски фаворити, Манчестер сити и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, продолжувајќи ја трката која ја водат цела сезона.

Сити по тешката 1:0 победа над Атлетико во Манчестер, на „Ванда Метрополитано“ остана непоразен и 0:0 им беа доволни за пласман меѓу четирите најдобри, додека Ливерпул по 3:1 гостинската победа кај Бенфика, одиграа воззбудливо 3:3 реми со Португалците и го запечатија својот пласман.

Атлетико не беше толку дефанзивно расположен како на првиот меч, и имаше свои шанси, посебно преку Антоан Гризман, додека Сити можеа рано да стигнат до водство, кога Илкај Гундоган ја погоди стативата. Атле посебно притисна во почетокот на второто полувреме, но немаа среќа да стигнат до голот на Едерсон.

Нервозата и нетрпеливоста меѓу двете екипи експлодираше во финишот на мечот, кога Фелипе го фаулираше Фил Фоден, а Стефан Савиќ се обиде да го крене Англичанецот и да го изнесе надвор од теренот. По ова се случи општа мешаница на теренот, Савиќ заврши со жолт, а Фелипе со црвен картон.

Во Ливерпул пак, за разлика од Мадрид, имаше многу голови. Ибрахима Конате во 21. минута од мечот го постигна својот втор гол против Бенфика за водство на „црвените“, за Бенфика да израмни преку Гонсало Рамос во 32. минута. Роберто Фирмино „удри“ двапати во 55. и 65. минута за 3:1 водство на домаќините, пред Бенфика во 73. минута да намали преку Роман Јаремчук, а во 82. минута, талентираниот Уругваец Дарвин Нуњез израмни на 3:3.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ, РЕВАНШ

Атлетико Мадрид – Манчестер сити 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1

Ливерпул – Бенфика 3:3, прв меч 3:1, вкупно 6:4

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/2 ФИНАЛЕ

Манчестер сити – Реал Мадрид

Ливерпул – Вилјареал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП