19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ сака лошото искуство да го трансформира во енергија

Ѓоковиќ сака лошото искуство да го трансформира во енергија

Новак Ѓоковиќ сака проблематичниот почеток на 2022 да го искористи како „гориво“ за остатокот од сезоната, посочувајќи дека е подготвен да се фокусира на тенисот при камбекот на Мастерсот во Монте Карло.

20-кратниот гренд слем шампион не доби дозвола да ја брани титулата од Австралија опен во јануари, откако беше депортиран од земјата бидејќи не е вакциниран против КОВИД-19. По ова, тој настапи само на еден турнир во Дубаи, пред да се врати од понеделник на Мастерсот во кнежевството каде што живее.

„Секогаш сум оптимист во мојот живот и сакам да бидам позитивна личност. Ги учам лекциите од секое искуство, посебно некое големо како тоа што се случи во јануари. Кога ќе почнам со мечевите, најверојатно ќе треба да се справам со тоа што беше внатре цело време и чекаше да излезе. Не чувствувам дека сум оштетен од тоа што не можам да играм на турнирите или да го живеам животот. Далеку од таква ситуација. Но, последните четири-пет месеци беа предизвик и нешто што не сум го доживеал досега. Но, ќе го искористам тоа како ‘гориво’ во остатокот од сезоната. Планирам да играм целосна сезона на земја и иако знам дека нема да бидам на највисоко ниво тука, ќе ја тестирам мојата игра“, вели Ѓоковиќ, кој почнува во Монте Карло против Шпанецот Алеханро Давидович Фокина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП