24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБензема и Реал со слатка одмазда против Челси, Вилјареал со предност против...

Бензема и Реал со слатка одмазда против Челси, Вилјареал со предност против Баварците

Карим Бензема уште еднаш докажа дека е во најдобра форма во неговата кариера на 34 години, постигнувајќи фантастичен хет-трик за да ги предводи Реал Мадрид до одмазничка 3:1 победа на Челси на „Стемфорд Бриџ“, додека Вилјареал на својата „Керамика“ покажа дека е екстремно сериозен клуб со 1:0 победата над фаворизираните Баерн Минхен.

Лани, Челси на патот до европската титула, успеа да ги елиминира токму Реал Мадрид во полуфиналето, така што шансата да се дојде на гости во дождливиот Лондон по одмазда беше примамлива. Бензема, кој игра во неверојатна форма, ја покажа неговата класа постигнувајќи два гола за три минути во 21. и 24. минута за шок за домаќините. Каи Хаверц во 40. минута ја врати надежта на Челси со убав гол по асистенцијата на Жоржињо, но само што почна второто полувреме, голманот Едуар Менди направи неверојатна грешка, која Бензема ја искористи за комплетирање на хет-трикот.

Во Шпанија пак, Вилјареал дојде до рано водство во 8. минута, кога Арнаут Данџума успеа да го совлада Мануел Ноер, а „подморницата“ имаше и поништен гол поради офсајд преку Кокелин, најавувајќи интересен реванш на „Алијанц арената“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Челси – Реал Мадрид 1:3

Вилјареал – Баерн Минхен 1:0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП