29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏонсон: Биолошките мажи не треба да се натпреваруваат со жените

Џонсон: Биолошките мажи не треба да се натпреваруваат со жените

Британскиот премиер Борис Џонсон сметаа дека оние што се родени како мажи, односно трансродовите жени, не треба да добиваат дозвола да се натпреваруваат во женските спортови по контроверзиите во врска со спортските натпреварувања во САД и Британија.

„Не мислам дека биолошките мажи треба да учествуваат во женските спортски натпреварувања. Можеби тоа е контроверзно мислење, но за мене е сосема вообичаено. Верувам дека жените треба да имаат сопствени простории во затворите или во болниците. Знам дека ова ќе предизвика конфликт со некои од политичарите, но мора да го надминеме тоа. Тоа не значи дека не сочувствувам со луѓето што сакаат да го сменат својот пол, но ова се комплексни прашања што немаат едноставен одговор“, изјави Џонсон.

Оваа изјава доаѓа неколку дена откако велосипедистот Зек Бриџис, кој од 2020 се нарекува Емили Бриџис, не доби дозвола да настапува на Британскиот омниум-шампионат од страна на Интернационалната велосипедска унија (УЦИ). 21-годишната Бриџис, по поставувањето повеќе јуниорски рекорди во машка конкуренција, требаше да дебитира во женското натпреварување, но правилата на УЦИ велат дека мора да има ниво на тестостерон помалку од 5 nmol/L барем 12 месеци во низа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП