29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлбумите и сликичките на „Панини“ ќе заминат во историјата

Албумите и сликичките на „Панини“ ќе заминат во историјата

Компанијата „Панини“ по пет децении ќе ги укине познатите албуми со сликички од фудбалери. Како што најавуваат од „Панини“, албумите со сликички ќе бидат укинати пред Европското првенство во Германија во 2024 година.

Првиот албум со сликички на фудбалери, во Италија, беше објавен пред Светското првенство во Мексико во 1970 година, а четири години подоцна, по повод Светското првенство во Германија во 1974 година, албумите премиерно беа пуштени во продажба во целиот свет.

Оттогаш, албумот на „Панини“ добива култен статус, а во многу земји во светот, пред големите првенства, се разменуваат сликички.

Панини постигна рекорден број продадени сликички во 2006 година во врска со Светското првенство во Германија, кога беа продадени 800 милиони налепници.

Непосредно пред Европското првенство во Германија во 2024 година, „Панини“ ќе го откаже печатењето на албуми и сликички. Работата на „Панини“ ќе ја преземе американскиот концерн „Топс“, кој ги откупи правата за тој турнир, како и Лигата на нации и Европско првенство за жени во 2025 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП