29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо претпазлив пред мечот со Македонија: Со причина се во финалето

Роналдо претпазлив пред мечот со Македонија: Со причина се во финалето

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо истакна дека неговата репрезентација со голема самодоверба го очекува финалето од квалификациите за Светското првенство во кое ќе ја пречека нашата селекцијата.

Македонија во вторник се среќава со Португалија во финалето на плејофот на полниот стадион Драгао во Порто.

“Имаме голема самодоверба, сакавме да го играме ова финале“, изјави Роналдо.

„За нас тоа е животна утакмица. Ја цениме безрезервната поддршка во претходниот натпревар. Би сакал утре химната да се пее без музика. Ако е се како во четврток, сигурен сум дека ќе победиме“.

Запрашан дали чувствува притисок пред решавачкиот меч, капитенот на Португалија одговори:

„Притисокот е секогаш присутен. Навистина сакавме да го играме овој натпревар. Ќе биде многу тешко. Ако е Македонија тука, тоа е затоа што тоа го заслужува. Македонците се многу организирани, но ако сме на нашето најдобро ниво можеме да победиме која било репрезентација во светот“.

Натпреварот е на програмата во вторник од 20:45 часот со пренос на Спорт Клуб 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП