Вил Смит и пред десет години удри човек пред камера!
Вил Смит е главна тема на светските медиуми поради шамарот со кој го „почести“ колегата Крис Рок на Оскарите.
Додека едни се на страната на Смит, затоа што Рок ја прозивал сопругата која останала без коса поради болест, други бараат да му го одземат Оскар. Трети, пак, потсетуваат на претходен инцидент кога Смит „шамараше“!
Ако не се сеќавате, беше 2012 година и познатите се плашеа од шегобиецот Витали Седијук, кој ги пресретнуваше на премиерите и глумеше новинар. Седијук му пријде на Вил Смит на московската премиера на филмот „Луѓе во црно 3“ и се обиде да го бакне, па актерот го “шлапна”.



