29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал: Не можев да дишам, чувствував болка

Надал: Не можев да дишам, чувствував болка

Тејлор Фриц стави крај на победничката серија, во која се наоѓаше Рафаел Надал од почетокот на сезоната. По 20 победи од почетокот на годината, Шпанецот потклекна пред Фриц, во финалето на Индијан Велс.

По поразот 3/6, 6/7, Надал рекол дека физички не се чувствувал најдобро и дека поради тоа загубил. Шпанецот два пати во текот на мечот доби медицинска помош.

„Искрено чувствував болка. Имав проблем со дишењето. Не знам за што точно се работи. Кога дишам и кога се движам, како да имам игла во телото. Имав вртоглавици. Дадов се од себе. Очигледно дека немав ден. Тешко е да се игра едно вакво финале. Се борев до крајот.Имамв свои шанси во вториот сет, не ги искористив.“, изјавил Надал.

Шпанецот и пред почетокот на Мастерсот во Индијан Велс, објави дека нема да игра во Мајами. Тој се враќа во Европа, каде ќе ги започне подготовките за Мастерс турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим, турнирот во Барселона и Ролан Гарос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП