28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома на Мурињо го „уништи“ Лацио во „Дерби дела капитале“

Рома на Мурињо го „уништи“ Лацио во „Дерби дела капитале“

Со фуриозно прво полувреме, Рома стигна до импресивна 3:0 победа над Лацио во дербито на италијанската престолнина, за Жозе Мурињо да го добие дуелот со Маурицио Сари, и во исто време да ја крене „волчицата“ на петтото место на табелата пред лутиот ривал.

Ѕвезда на натпреварот повторно беше англискиот репрезентативец, Теми Абрахам, кој го отвори резултатот уште во првата минута, за во 22. минута да зголеми на 2:0. Лоренцо Пелегрини во 40. минута зголеми на 3:0 најавувајќи ја катастрофата на „лацијалите“.

Рома на петтото место на табелата има освоено 51 поен, осум зад четвртопласираниот Јувентус, но сега два пред Лацио и четири пред Аталанта во борбата за место кое води во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП