20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед подготвиле екстра понуда за Хари Кејн

Јунајтед подготвиле екстра понуда за Хари Кејн

Манчестер јунајтед се подготвени да понудат рекордна сума за капитенот на Тотенхем, Хари Кејн. Напаѓачот се поврзува и со Манчестер сити, но медиумите тврдат дека Јунајтед имаат поголеми шанси да реализираат трансферот, доколку тој реши да го напушти Тотенхем.

Прва цел на Јунајтед, за нов водач на нападот, беше Ерлинг Халанд, меѓутоа Норвежанецот решил да избере помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид.

Поради тоа Јунајтед ќе се обидат со Кејн. Адут во преговорите може да им биде и Маурисио Покетино, за кого се тврди дека ќе биде новиот менаџер на Манчестер јунајтед.

Кејн има уште две години од договорот со Тотенхем, а самиот истакнал дека ужива во работата со Антонио Конте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП