20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТухел: Ако треба, јас ќе ги возам играчите до Лил

Тухел: Ако треба, јас ќе ги возам играчите до Лил

Фудбалерите на Челси, во среда во Лил, ќе го одиграат осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Поради сите санкции кои му ги наметнаа на газдата Роман Абрамович и на самиот клуб, Челси може да се соочи со одредени проблеми пред патот во Франција.

Челси има ограничени средства што може да ги потроши кога клубот оди на гостувања. Челси не смее да потроши повеќе од 20.000 фунти.

„Она што јас го знам е дека ќе заминеме и ќе се вратиме со авион. Ако не е се случи тоа тогаш ќе одиме со воз. Ако не можеме да одиме со воз, тогаш ќе тргнеме со автобус. Доколку и тоа не ни успее тогаш јас ќе возам автомобил со седум седишта“, рекол менаџерот на европскиот првак, Томас Тухел.

Германецот на прес конференцијата потврдил дека сигурно ќе остане во клубот до крајот на сезоната.

„Не треба да се поставува прашањето дали ќе останам до крајот на сезоната. Одиме ден за ден бидејќи се може да сме смени. Знаете, ден за ден е добар начин на живеење“, заклучил Тухел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП