20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ му се враќа на тенисот во Монте Карло

Ѓоковиќ му се враќа на тенисот во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ, кој го загуби првото место на АТП-листата по пропуштањето повеќе турнири поради одбивањето да се вакцинира, ќе се врати на турнејата на мастерсот во Монте Карло, потврдија од неговиот тим.

„Новак ќе ја отвори сезоната на земја во Монте Карло, каде што има две мастерс 1000 титули во 2013 и 2015. Турнирот се одржува во кантри-клубот на Монте Карло од 10 до 17 април“, се вели во објавата.

Инаку, Ѓоковиќ живее во Монте Карло, малата држава што дозволува влез со доказ за закрепнување од Ковид-19 во последните шест месеци. Турнирот во кнежевството е еден од повеќето загревачки турнири за „Ролан Гарос“, кој се одржува од 22 мај до 5 јуни во Париз и каде што Србинот се надева дека ќе може да настапи по последното олеснување на ограничувањата во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП