28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУкраинскиот тенисер ги покажа пораките од Ѓоковиќ: Српскиот ас покажа колку е...

Украинскиот тенисер ги покажа пораките од Ѓоковиќ: Српскиот ас покажа колку е голем

Новак Ѓоковиќ повторно покажа дека е голем човек! Тој испрати порака за поддршка на украинскиот тенисер Сергеј Стаховски, кој облече униформа поради војната со Русија.

Најдобриот српски тенисер не го заборавил својот колега во тешките моменти. Стаховски, кој неодамна брутално се закануваше и најави оро на гробот на Путин, сега на Инстаграм објави пораки кои му ги испратил Новак Ѓоковиќ.

“Стахо, како си човеку? Дали сте на бојното поле? Мислам на тебе. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе се смири. Те молам, кажи ми која е најдобра адреса на која можам да испратам помош. Финансиски или било која друга” – напиша Новак и го воодушеви поранешниот украински тенисер.

Стаховски му се заблагодари на Новак за поддршката и сподели порака на својот Инстаграм профил.

Двајцата со години се пријатели од тениските турнири, а Сергеј Стаховски беше еден од играчите кои ја поддржаа борбата на Ѓоковиќ во Австралија.

Украинецот се расправаше со еден од најголемите критичари на српскиот тенисер. Сергеј влезе во интернет конфликт со Бен Ротенберг, кој ширеше невистини за Новак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП