28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБратот ги откри плановите на Еден Азар

Братот ги откри плановите на Еден Азар

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, ќе остане во клубот до истекот на договорот, открил за еден белгиски медиуми, братот на Еден, Торган Азар.

Еден Азар направи трансфер од Челси во Реал, во 2019 година. Требаше да биде еден од носителите на играта и замена за Кристијано Роналдо. Од оваа перспектива јасно е дека тој не покажа ниту дел од формата која ја имаше во Челси.

Изминатите месеци се повеќе се шпекулира дека тој ќе го напушти Реал и дека би можел да се врати во Лондон.

„Еден веќе има фантастична кариера. Добро му е во Мадрид. Неговото семејство таму се чувствува добро. Има договор до 2024 година и мислам дека нема да оди никаде“, рекол Торган, инаку играч на Борусија Дортмунд.

Реал за Еден Азар платија 115.000.000 евра. За три сезони има одиграно само 65 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП