ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ60 километарски руски воен конвој се доближува до Киев

60 километарски руски воен конвој се доближува до Киев

Нови сателитски снимки од Максар покажуваат огромен руски воен конвој на пат кон Киев.

Конвојот, кој, според Максар, е долг повеќе од 64 километри, се движи кон главниот град на Украина од северозапад.

Си-Ен-Ен пишува дека конвојот, кој вклучува стотици тенкови, ракетна артилерија, оклопни и логистички возила, пристигнал од Белорусија, каде Русија со недели ги собирала своите сили пред инвазијата на Украина.

Претходно се шпекулираше дека конвојот е долг околу 27 километри, но сега се покажа дека станува збор за воен конвој повеќе од двојно подолг.

Должината на конвојот сведочи и за количеството воена сила што Русите ја собраа во обид да го заземат Киев, но и за белоруската поддршка за инвазијата на Украина.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП