29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак Ѓоковиќ симнат од тронот, Данил Медведев е новиот светски рекет врој...

Новак Ѓоковиќ симнат од тронот, Данил Медведев е новиот светски рекет врој еден

Данил Медведев е новиот светски рекет број еден. Тој од овој понеделник и официјално е најдобар тенисер во светот со 8615 АТП поени, а Новак Ѓоковиќ има 150 поени помалку.

По Австралија опен, каде Новак не настапи, јасно беше дека србинот тешко ќе ја задржи првата позиција. Сепак, доколку го освоеше турнирот во Дубаи, Ѓоковиќ сепак ќе го имаше првото место бидејќи русинот разочара во Акапулко. Излегува дека полуфиналето таму му е доволно за да го освои првото место во светот и да биде таму најмалку две недели.

Инаку, Медведев и Ѓоковиќ засега не се загрозени на врвот. Трет на АТП листата е Саша Зверев со 7515 поени, што е за околу 1000 помалку од Новак. Рафа Надал по триумфот во Акапулко изби на четвртото место на листата и на тој начин го замени Стефанос Циципас. Андреј Рубљев стигна до шестата позиција, а на седмата го префрли Матео Беретини. Каспер Руд останува осми, Феликс Огер-Алиасим деветти, а Хуберт Хуркач ги замени местата со Јаник Синер, па сега е во топ 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП