20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуда победа на Саутемптон кај Тотенхем, Сити продолжува да „гази“

Луда победа на Саутемптон кај Тотенхем, Сити продолжува да „гази“

Манчестер сити го зголеми водството пред Ливерпул во Премиерлигата на 12 поени (иако „црвените“ имаат два меча помалку) по 2:0 победата над Брентфорд, додека Тотенхем пропушти 2:1 водство за 2:3 пораз од Саутемптон во супер-интересен меч од 24. коло.

Ријад Марез во 40. минута ги донесе „граѓаните“ во водство, пред Кевин де Брујне да зголеми на 2:0 во 69. минута за нова рутинска победа на тимот на Пеп Гвардиола.

На стадионот на Тотенхем пак, беше далеку поинтересно и понеизвесно. Домаќините дојдоа во водство во 18. минута од мечот со автоголот на Јан Беднарек, но само пет минути подоцна албанскиот репрезентативец Армандо Броја израмни на 1:1.

Во второто полувреме, покрај дебито на новите засилувања на Тотенхем, Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур, имаше многу возбуди, контроверзи и голови. Хеунг Сон-Мин ги врати Тотенхем во водство во 70. минута, иако од тимот на Саутемптон протестираа за фаулот над Броја во градењето на акцијата.

Антонио Конте полуде на барањето на Ралф Хазенхитл и мораше да биде смируван, но контроверзите само ги „загреаја“ гостите.  Во 79. минута Мохамед Елјунуси израмни по нафрлањето на Џејмс Ворд-Проуз, за само три минути подоцна Ворд-Проуз на сличен начин да го пронајде и Че Адамс за 2:3 и целосен пресврт.

ПРЕМИЕРЛИГА, 24.КОЛО

Тотенхем – Саутемптон 2:3

Манчестер сити – Брентфорд 2:0

Норич – Кристал палас 1:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП