25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед e најголемиот финансиски губитник – 1 милијарда евра на фудбалери во...

Јунајтед e најголемиот финансиски губитник – 1 милијарда евра на фудбалери во една деценија!

Манчестер јунајтед е клубот со најмногу загуби при трансферите во последната деценија трошејќи неверојатна милијарда евра на фудбалери, се тврди во анализата на независната група „ЦИЕС фудбалска опсерваторија“.

Јунајтед имаше трошок од 1,07 милијарди евра од 2012, трошејќи 1.54 милијарди евра на трансфери, а заработиле само 470 милиони евра. Тие го соборија рекордот на Премиер лигата со трансферот на Пол Погба во 2016 година за 89,50 милиони фунти, но најверојатно ќе го пуштат Французинот да замине без отштета на крајот на годината. Други слични такви трансфери се и Антони Марсијал (36 милиони фунти) и Дони ван де Бек (40 милиони фунти).

Нивниот градски ривал Манчестер сити е на второто место со трошок од 984 милиони евра – трошејќи 1.669 милијарди евра на трансфери, но добивајќи 715 милиони евра, а на третото место е Пари Сен-Жермен со 941 милион евра трошок пред Барселона со 650 милиони евра.

Но, додека овие клубови имаат со што да се пофалат во бројот на трофеи, Јунајтед нема големи успеси од 2013 година кога замина сер Алекс Фергусон. Тие имаат само една лигашка титула од 2012, Сити може да се пофали со пет, ПСЖ со седум, а Барселона со пет. Последниот трофеј на Јунајтед дојде во 2017 кога ја освои Лига Европа под Жозе Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП