26 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏо Роган вети промени во поткастот што се емитува на „Спотифај“

Џо Роган вети промени во поткастот што се емитува на „Спотифај“

Џо Роган вети дека ќе се обиде да понуди побалансирани ставови во својот поткаст по критиките од рок-легендите Нил Јанг и Џони Мичел дека помага во ширењето дезинформации во врска со Ковид-19.

Како резултат на ова канадските музичари побараа нивната музика да се повлече од стриминг-платформата „Спотифај“ во знак на протест против поткастот на Роган.

Некои медиуми објавија дека „Спотифај“ наводно загубил 2,1 милијарди долари во период од три дена минатата недела откако рок-легендата Нил Јанг ги тргна своите песни.

„Неодговорните луѓе шират лаги, кои чинат животи. Се солидаризирам со Нил Јанг и глобалните научни и медицински заедници за ова прашање“, напиша Џони Мичел најавувајќи дека нејзината музика повеќе нема да се стримува на „Спотифај“.

Во меѓувреме, гигантот за аудиостриминг соопшти дека работи на додавање советодавни предупредувања на секој поткаст кој се однесува на Ковид-19.

Водителот Роган ѝ се извини на компанијата и вети дека ќе се потруди неговиот поткаст да биде подобар.

Во речиси 10-минутното видео на „Инстаграм“ објавено во понеделникот, Роган вели дека ќе се труди да привлече луѓе со разни мислења во својата емисија, која во просек има 11 милиони слушатели од епизода.

Повечето од контроверзиите се однесуваат на две неодамнешни епизоди, во кои беа претставени кардиологот Питер Мекалоу и имунологот/виролог Роберт Мелоун. И двајцата експерти изразија гледишта што се спротивни на главните информации што ги дава Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC).

Роган негира дека шири дезинформации. „Никогаш не се обидувам да постигнам нешто со овој поткаст, освен да разговарам со луѓе. Апсолутно го поддржам планот на ‘Спотифај“ на почетокот на контроверзните епизоди да стои известување, односно изјава за одрекување одговорност за искажаните ставови“.

„Моето ветување до вас е дека ќе дадам сѐ од себе да ги балансирам овие контроверзни гледишта со мислења на други луѓе за да можеме да најдеме подобра точка на гледиште“, рече тој додавајќи дека не му се лути на Нил Јанг, ниту на Џони Мичел. „Напротив, јас сум голем љубител на нивната музика“.

Во неделата, извршниот директор на аудиостриминг-платформата „Спотифај“, Даниел Ек, вети дека нови предупредувања ќе ги пренасочуваат корисниците до центар за податоци и факти за коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП