ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ понуди 40 милиони за Педро

ПСЖ понуди 40 милиони за Педро

pedro

Францускиот шампион ПСЖ испратил понуда до Барселона за Педро Родригез, информираат медиумите во Шпанија.

Според информациите кои пристигнуваат од Пиринејскиот полуостров „светците“ понудиле 40 милиони евра за крилото на Барса и шпанската репрезентација, но малку е веројатно дека „каталонците“ ќе се разделат со него.

Самиот фудбалер неодамна изјави дека е поласкан од фактот дека е посакуван од некои од европските гиганти, но во оваа фаза иднината му е поврзана со Барселона.

Во исто време ПСЖ јасно покажува дека до крајот на трансфер прозорецот има намера да се засили и да му доведе уште една ѕвезда на новиот тренер Лорен Блан.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП