25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазаров: ЕП е нерегуларно, чудно е како само една репрезентација нема проблеми...

Лазаров: ЕП е нерегуларно, чудно е како само една репрезентација нема проблеми со коронавирусот

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, во интервју за хрватскиот портал „Индекс“, проговорил за тековното Европско првенство. Македонија со три порази, настапот на ЕП го заврши во првата фаза.

„Ние го започнавме процесот на подмладување. На последното тестирање, пред заминувањето на ЕП, седум важни играчи беа позитивни, а поради повреди останавме без тројца важни играчи. Ковидот не натера да играме со младите играчи. Имав шестмина во составот на 20-годишна возраст, а 59 минути бевме во егал со Словенија и Црна Гора. Не се исплати да плачеме. Во денешно време секоја си ја толкува ситуацијата онака како му одговара. Најважно е во овој хаос да не ја губиме главата“, рекол Лазаров.

Македонскиот селектор, кој поради повреда не играше на ЕП, оцени дека поради корона хаосот, шампионатот не е регуларен.

„На ова првенство не важат правилата, нема регуларност. Невозможно е да ја процените силата на некоја репрезентација, бидејќи порано или покасно сите влегуваат во проблем со коронавирусот. Чудно е што само Данците ги немаат тие проблеми“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП