25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТехнички грешки, промашени зицери, лоша реализација со играч повеќе – Македонија поразена...

Технички грешки, промашени зицери, лоша реализација со играч повеќе – Македонија поразена од Црна Гора

Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Вечерва, во Дебрецин, Македонија загуби од Црна Гора 24:28 (16:17). Техничките грешки, промашените зицери и лошата реализација со човек повеќе, ја однесоа Македонија во вториот пораз.

Почетните четири минути го одредија текот на натпреварот. Црногорците отворија со 4:0, во првите четири минути, во 13.минута резултатот беше 8:3, што го натера селекторот Лазаров да побара тајм-аут.

Од тој момент Македонија заигра многу подобро, предноста на Црногорците се намалуваше, во 22.минута Македонија дојде на гол негатива. Гол минус црвено-жолтите имаа и на крајот од првиот дел.

Второто полувреме, започна со гол на Цветан Кузмановски од пенал, потоа Македонија не искористи два напади за да го преземе водството. Шансите кои не ги искористија Црногорците максимално ги казнија.

Ја вратија предноста од три гола, која благодарение на нашите грешки и голманот Симиќ ја лесно ја одржуваа. На крајот Црногорците славеа со 28:24. Македонија со овој пораз остана без шанси за пласман во втората фаза, додека Црна Гора против Словенија ќе игра за пласман понатаму.

Никола Митревски со 10 одбрани и Велкоски со шест гола беа најдобри во репрезентацијата на Македонија.

Црна Гора ја предводеше голманот Симиќ со 14 интервенции. Најефикасни беа Милош Вујовиќ со шест гола, односно Шеваљевиќ и Анѓелиќ со по пет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП