19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал: "Австралија Oпен" е голем, со или без Новак

Надал: “Австралија Oпен” е голем, со или без Новак

Главна тема на Австралија Oпен е случајот со првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, реакции се уште пристигнуваат од сите страни, а Шпанецот Рафаел Надал вели дека првиот гренслем сезонава е поважен од секој играч.

На прашањето колку поинаков би бил Австралија опен со и без Новак Ѓоковиќ, Надал имаше јасен став.

„Едно ќе ви кажам, јасно е дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата, нема сомнеж. Но, не постои тенисер кој е поважен од еден турнир, нели? Играчите доаѓаат и си одат, пристигнуваат нови. Никој, дури ни Роџер, Новак, јас или Бјорн Борг кој беше одличен… Тенисот продолжува. Австралија опен е многу поважен од кој било играч. Ако игра, во ред. Ако не игра, Австралија опен сепак ќе биде големото Австралија опен, со или без него. Тоа е мојот став“, истакна Надал.

Какви поуки спортот треба да извлече од случајот со Новак Ѓоковиќ?

„Не знам, мислам дека се отиде предалеку. Искрено, малку сум уморен од таа ситуација бидејќи верувам дека е важно да се зборува само за нашиот спорт, за тенисот. Поминуваме и ќе поминеме низ многу предизвикувачки времиња на глобално ниво, со оваа пандемија, нема сомнеж за тоа. Свесен сум дека тенисот е сосема ирелевантен кога го споредуваме со она низ што поминуваме кога станува збор за вирусот, нели? Тенисот е само забава за луѓето, за нас е работа. Ако зборуваме за неговата важност во светот, тој воопшто не е важен. Поминавме низ тежок период во последните две години, тоа го велам бидејќи некои играчи не успеаја да ја преживеат пандемијата бидејќи беа намалени буџетите на турнирите, финансиски се се смени. Патувавме со мал број луѓе во тим, без семејство, не можевме да носиме луѓе од Европа во Америка или обратно. Сето тоа беше голем предизвик“, изјави Надал.

„Останувањето во „балони“, сето тоа мора да заврши еднаш засекогаш, бидејќи е многу тешко да се остане дел од турнејата ако турнирите имаат се помалку пари. Покрај тоа, играчите поради тоа поминуваат низ многу тешки психички проблеми. Ако има решение и ако е решение за вакцина, тогаш ова е тоа. Мора да се вакцинираме и ситуацијата мора да се подобри, тоа е за општо добро на сите нас, за целокупното здравје и за целиот спорт“.

Дали случајот на Новак ќе ја промени перцепцијата за него ширум светот и неговиот имиџ меѓу обожавателите?

„Не знам, на некој начин зависи од него. Немам никаква врска со тоа. Му посакувам се најдобро. Имам добар однос со него во текот на мојата кариера. Направивме важни работи, за целата турнеја, за нашите фондации, за добротворни цели. Работевме заедно кога се случија некои лоши работи овде во Австралија или ширум светот. Но, во овој случај, мислам дека има многу прашања на кои треба да се одговори. Секој си избира свој пат. Го почитувам како човек, како спортист, многу го почитувам. Му посакувам се најдобро, многу го почитувам, иако не се согласувам со многу работи што ги прави во последните неколку недели“.

Официјалната одлука дали најдобриот светски тенисер ќе остане во Австралија и ќе учествува на Австралија опен или ќе биде депортиран ќе биде донесена ноќта меѓу сабота и недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП