20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЅвездата на Баерн, Дејвис, има воспаление на срцето по инфекцијата со Ковид-19

Ѕвездата на Баерн, Дејвис, има воспаление на срцето по инфекцијата со Ковид-19

Канадскиот репрезентативец и лев бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, има миокардитис и ќе паузира неколку недели, потврди тренерот на германскиот шампион, Јулијан Нагелсман.

21-годишниот Дејвис беше еден од деветте фудбалери на Баерн што беа позитивни на Ковид-19 во текот на зимската пауза во Бундеслигата и сега поради воспаление на срцето, ќе паузира подолго време.

„Вчера, на проверките што ги правиме за секој фудбалер што имаше Ковид-19 забележивме мало воспаление на срцевиот мускул. Тој веднаш престана со тренинзи и нема да биде достапен следните неколку недели. Според ултразвукот, воспалението не е многу сериозно, но мора да заздрави за да можеме да го повикаме“, изјави Нагелсман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП