25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСудот ја усвои жалбата на Ѓоковиќ – Србинот ќе игра на АО

Судот ја усвои жалбата на Ѓоковиќ – Србинот ќе игра на АО

Федералниот суд го ослободи Новак Ѓоковиќ, откако утври дека неосновано му била укината визата со која сакал да влезе во Австралија.

Граничните власти му ја поништија визата на аеродромот во Мелбурн. Српскиот тенисер пет дена мина во хотел за мигранти. Во 10 часот по локално време започна сослушувањето во врска со жалбата која ја вложија адвокатите на Ѓоковиќ.

Адвокатите на Ѓоковиќ, истакнала дека тенисерот ги испочитувал сите процедури за влез во државата. Тие го потенцирале начинот на кој се однесувале кон Ѓоковиќ на аеродромот.

Откако ги сослушал двете страни, судијата Кели, донел одлука на српскиот тенисер да му бидат вратени пасошот и останатите лични документи и да му бидат платени трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП