19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ и без вакцина е добредојден на Ролан Гарос

Ѓоковиќ и без вакцина е добредојден на Ролан Гарос

Француската министерка за спорт, Роксана Марасинеану потврди дека на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволено да игра на Францускиот опен на Ролан Гарос оваа сезона дури и тој да остане невакциниран за КОВИД-19.

Оваа порака доаѓа додека Србинот е сместен во хотел за имигранти во Мелбурн, чекајќи ја својата жалба за одбивањето на визата за влез во Австралија за настап на првиот гренд слем турнир од годината во Мелбурн, каде што победи девет пати.

Според Марасинеану, протоколите на Интернационалната тениска федерација (ИТФ) за гренд слем турнирите значат дека невакцинираните тенисери можат да настапуваат на Ролан Гарос. Франција исто така дозволува влез на невакцинирани странци, иако за нив има построги протоколи за заштита.

„Тој ќе треба да следи некои дополнителни организациони мерки за разлика од тие кои се вакцинирани, но ќе може да игра на Ролан Гарос бидејќи протоколите го дозволуваат тоа“, изјави Марасинеану.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП