ПочетнаЕКОНОМИЈАТретиот пакет за Грција ќе изнесува 10 милијарди евра

Третиот пакет за Грција ќе изнесува 10 милијарди евра

grcija6

Европскиот комесар очекува дека наредниот пакет помош за Грција би можел да биде многу помал од претходните два, и дека тој ќе изнесува околу 10 милијарди евра.

Гинтер Отингер, евро-комесар за енергетика и член на германската Kонзервативна партија која ја предводи Ангела Меркел, за весникот „Welt am Sonntag“ изјави дека третиот пакет помош би требало да го покрие периодот од 2014-2016 година.

Европските партнери и Меѓународниот монетарен фонд во двата досегашни пакети помош на Грција и дадоа 240 милијарди евра кредит.

Оваа недела, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека ќе биде потребна уште една програма за помош, бидејќи сегашната истекува наредната година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП