3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ целосно го запира развојот на „SUS“ моторите

„Hyundai“ целосно го запира развојот на „SUS“ моторите

Најголемиот јужнокорејски производител на автомобили, „Hyundai Motor Group“, објави дека ќе го затвори одделот за развој на мотори со фосилни горива.

Оваа промена е во согласност со стратегијата на производителите, но и на целата автомобилска индустрија, да ги фокусираат ресурсите на развој на целосно електрични возила. „Hyundai“ неизбежно ќе стане производител на исклучиво електрични автомобили, а енергијата ќе ја добиваат од батерии или водородни горивни ќелии.

Истражувачкиот центар Намјанг, основан во 1983-та година, кој вработува околу 12.000 луѓе на мотори со внатрешно согорување, исто така ќе биде затворен, а вработените (барем според сегашните информации) ќе бидат префрлени во одделенијата за развој на електрични погонски единици.

Реорганизацијата ќе започне веднаш, на почетокот на следната година, а прва и основна задача за експертите на „Hyundai“ ќе биде да започнат со дизајнирање иновативни возила кои ќе можат да доминираат на пазарот во иднината.

Во исто време, „Hyundai“ формира истражувачки центар за технологија на батерии.

„Hyundai Motor Group“ е чадор организација под која работат премиум брендовите „Hyundai“, „Kia“ и „Genesis“, а од неодамна и електричниот подбренд „Ioniq“. Минатата година станаа косопственици и на мрежата за полначи за електрични возила – „Ionity“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП