ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМашина која ги печати твитовите

Машина која ги печати твитовите

masina tvit

Адам Баутам решил да ја модернизира познатата машина на Едисон од 1869-та година која печатела информации од берзата на тенко парче хартија. Тој машината ја користи да печати твитови.

Баутам неговата направа ја поврзал со компјутер и со неговиот Твитер профил за да може машината да ги печати „апдејтите“ во 140 карактери.

Тој оваа машина ја нарекол „Twittertape“ и ја програмирал да го проверува неговиот профил на секои 30 секунди.

Секој пат кога машината ќе детектира „апдејт“, таа го печати.

Уредот користи хартија слична на онаа на која се печатат сметките во продавниците, а наместо мастило твитовите со топлина ги врежува на хартијата.

Баутам три месеци работел на својот изум и сега се надева дека ќе може да го произведува комерцијално.

Машината може да се поврзе со секој Твитер профил, вклучувајќи ги и оние на компаниите и познатите личности.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП